Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Започна процесот за општинско развојно планирање за подготовка на Интегрирани локални развојни планови

Започна процесот за општинско развојно планирање за подготовка на Интегрирани локални развојни планови

Во периодот од 28 до 30 октомври 2026 година, во хотел „Парк“ во Скопје, се одржува тридневна работилница за општинско развојно планирање, наменета за општинските тимови од Желино, Росоман и Радовиш, кои се вклучени во процесот на подготовка на Интегрирани локални развојни планови (ИЛРП).

Работилницата се реализира во рамки на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2“ (BMCPI – Фаза 2), поддржан од Шведска и спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Министерството за локална самоуправа и Ресурсниот Центар за поддршка на развојот на општините.

Целта на работилницата е зајакнување на капацитетите на општинските тимови и координаторите од трите општини за подготовка на Интегрирани локални развојни планови, како и зајакнување на практичната подготвеност на назначените претставници на Министерството за локална самоуправа и Ресурсниот центар за поддршка на општините за преземање на клучните функции согласно методологијата за подготовка на ИЛРП.

Во текот на тридневната работилница учесниците се запознаваат со процесот и методологијата за подготовка на ИЛРП, а преку презентации, дискусии и практична работа во групи стекнуваат знаења и вештини за примена на методолошките насоки.

Очекуван резултат од работилницата е учесниците да се воведат во процесот на изработка на Интегрираните локални развојни планови согласно методолошките насоки и да се усогласи процесот на нивна подготовка, вклучително и улогите и учеството на општинските тимови, Министерството за локална самоуправа и Ресурсниот центар.

Мени за пристапност