Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Делчево домаќин на ИНТЕРРЕГ Ден на соработка – Програма за прекугранична соработка РС Македонија – Р Бугарија 2021-2027

Делчево домаќин на ИНТЕРРЕГ Ден на соработка – Програма за прекугранична соработка РС Македонија – Р Бугарија 2021-2027
На 29 и 30 октомври во Делчево се одржува настанот „EU Cooperation Day – Together Across Borders - Together for Development“, посветен на ИПА ИНТЕРРЕГ Програмата за прекугранична соработка меѓу РС Македонија и Р Бугарија 2021–2027.
Во фокусот на настанот се резултатите од досегашната соработка, предизвиците во тековниот програмски период и можностите за реализација на нови заеднички проекти, со посебен акцент на следните чекори во рамките на ИПА IV Програмата 2028–2034.
 
Во рамките на дводневната програма ќе бидат презентирани финансираните и успешни проекти, а учесниците ќе имаат можност да разменат искуства и да дискутираат за унапредување на прекуграничната соработка. Програмата опфаќа и културни и спортски активности, како и засадување дрво на локацијата на новиот скејт-парк во Делчево, изграден со поддршка на Програмата.
 
Настанот ја потврдува важноста на европската соработка и партнерството меѓу двете соседни земји во насока на поттикнување на локалниот развој, создавање нови можности за граѓаните и подобрување на квалитетот на животот во пограничните региони.

Мени за пристапност