Министерот за локална самоуправа, г. Иван Стоилковиќ, оствари работна средба со д-р Аким Али, претставник на Светската здравствена организација (СЗО) и шеф на канцеларијата на СЗО во земјата.
На средбата се разговараше за активностите на СЗО во земјата и можностите за соработка преку проекти насочени кон заштита и унапредување на здравјето на граѓаните, со активно вклучување на локалните заедници и координација со надлежните министерства и институции.
Посебен акцент беше ставен на превенцијата и подигнувањето на свеста кај младите за важноста на грижата за здравјето, преку иницијативи што би се спроведувале во локалните заедници ширум земјата.
„Подобрувањето на условите за живот во локалните заедници е во наша надлежност, а грижата за здравјето е обврска на сите нас“, истакна министерот Стоилковиќ.