Владимир Стојановиќ е актуелен државен секретар во Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија.
Роден е на 22 декември 1978 година во Куманово.
Стојановиќ е дипломиран политиколог на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
По долгогодишно искуство во приватниот сектор, во 2010 година започнува со ангажман во Агенцијата за остваривање на правата на заедниците при Владата на РСМ, каде што раководи со одделението за управување со проекти и меѓународна соработка. Во периодот од 2015 до 2018 година ја извршува функцијата извршен директор на ГА-МА АД Скопје. Од август 2024 до јули 2026 година ја извршува функцијата државен секретар во Министерството за односи меѓу заедниците.