Втора седница на Комисијата за поттикнување и следење на меѓуопштинска соработка.
Во просториите на Владата – свечена сала, се одржа втората седница на Комисијата за поттикнување и следење на меѓуопштинска соработка, со која заседаваше државниот секретар Јулијана Павковска Боцевска. Преку конструктивна дискусија се разгледаа предлози од членовите на комисијата – претставници на релевантни министерства и други вклучени институции, како и Националниот координатор за локална самоуправа Лилјана Затуровска.
На седницата се усвои Предлог-Годишен извештај за склучени договори за меѓуопштинска соработка доставени во Министерството за локална самоуправа, за 2025 година, подготвен од страна на надлежниот Сектор за локална самоуправа, елабориран од раководителот Сузана Најкова, а воедно се презентираа и активностите кои Министерството за локална самоуправа ги спроведува во насока на зајакнување на меѓуопштинската соработка.
Државниот секретар најави отпочнувањето на процес за унапредување на законското решение кое ја уредува меѓуопштинската соработка во насока на зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи, постигнување на локален одржлив развој и унапредување на децентрализацијата.