Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Преку зајакнување на меѓуопштинската соработка овозможуваме стандардизација и унапредување на локалните услуги

Преку зајакнување на меѓуопштинската соработка овозможуваме стандардизација и унапредување на локалните  услуги
Преку зајакнување на меѓуопштинската соработка овозможуваме стандардизација и унапредување на локалните услуги.
Испорака на висококвалитни локални услуги е право на граѓаните од секоја општина, а наша обврска како Влада и Министерство е да создадеме законски и институционални предуслови за остварување на истото, истакна државниот секретар Јулијана Павковска Боцевска, во рамки на презентацијата на тековните активности на министерството во областа на меѓуопштинска соработка, на денешната практична работилница.
Како резултат на интензивната соработка на министерството со тимот на SIGMA програмата (OECD), имплементираме дел од препораките содржани во Извештајот за мониторинг од оценската мисија, согласно Начелата за јавна администрација, во рамки на Принципите 13–18.
Во рамки на денешната работилница, се презентираа и наодите од Годишните извештаи за воспоставена меѓуопштинска соработка, со квантитативна и квалитативна анализа, од страна на раководител на Секторот за локална самоуправа Сузана Најкова.

Мени за пристапност