Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Перински се обрати на форумската сесија за проектот „Уредување на дел од речното корито во с. Слупчане“, организирана во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети''

Министерот Перински се обрати на  форумската сесија за проектот  „Уредување на дел од речното корито во с. Слупчане“, организирана во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети''
Министерот Перински се обрати на форумска сесија за проектот “Уредување на дел од речното корито во с. Слупчане“, организирана во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, кој е кофинансиран од Министерството за локална самоуправа, Швајцарија и УНДП.
Целта на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, е унапредување на улогата на општинските совети, зголемување на транспарентноста и отчетноста на локалните власти, како и поттикнување на активно учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки на локално ниво.
Заедно со Н.Е. Кристоф Зомер, амбасадор на Швајцарија, Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП и Еркан Арифи, градоначалник на Општина Липково, извршија и увид на проектот за уредување на дел од речното корито во с. Слупчане, кој беше избран како приоритет од граѓаните на форумските сесии.
Форумите во заедницата претставуваат важен инструмент за поголема вклученост на граѓаните, транспарентност и посилна локална демократија.

Мени за пристапност