Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Се одржа работилница „Од политика до практика: Зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, организирана од СИГМА и Министерството за локална самоуправа

Се одржа работилница „Од политика до практика: Зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, организирана од СИГМА и Министерството за локална самоуправа
Се одржа работилница „Од политика до практика: Зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, организирана од СИГМА и Министерството за локална самоуправа.
Воведни обраќања на работилницата имаа Златко Перински, министер за локална самоуправа, Игор Јанушев, генерален секретар на Влада, Беким Сали, министер за европски прашања, Душица Перишиќ, директор на ЗЕЛС, како и Баграт Тунјан, државен менаџер за Република Северна Македонија, раководител на тимот за стратешко планирање, развој на политики, OECD/SIGMA.
Фокусот на сесиите беше ставен на развој на нови и унапредени механизми и политики за зајакнување на меѓуопштинската соработка, анализа на добри практики од национално и меѓународно ниво, како и разгледување на можни измени и дополнувања на правната рамка, врз основа на досегашните искуства и идентификуваните предизвици.
Меѓуопштинската соработка претставува важна алатка преку која општините можат заеднички да ги надминат ограничувањата во административните и финансиските капацитети, да реализираат заеднички проекти и да обезбедат поефикасни и поквалитетни услуги за граѓаните.

Мени за пристапност