Седниците на Советот за развој на регионот претставуваат важен механизам преку кој градоначалниците од регионот заеднички ги усогласуваат и дефинираат идните планови и ги утврдуваат приоритетите за понатамошниот развој.
Министерот Перински присуствуваше на Првата седница на Советот за развој на Скопски плански регион, каде 18 градоначалници заеднички носат одлуки за прашања што се од значење за развој на регионот.
На дневен ред беше и предлог-одлуката за утврдување на предлог-проекти за развој на Скопскиот регион, кои треба да придонесат за подобра инфраструктура, економски развој и поквалитетен живот за граѓаните.
Скопскиот регион е најразвиениот во државата, но истовремено и комплексен поради големиот број општини кои го сочинуваат, што бара внимателно планирање и јасна координација при дефинирање на идните чекори и проекти.
Разликите во степенот на развој меѓу регионите, но и во рамки на самите региони, се реалност во сите европски држави, вклучително и во Македонија. Нашата задача е преку координирани политики и конкретни проекти да ги намалуваме тие разлики и да обезбедиме рамномерен развој на целата држава.