Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во рамките на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот Златко Перински, со заменик министерот Ерџан Селими, ја посетија Општина Сопиште

Во рамките на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот Златко Перински, со заменик министерот Ерџан Селими, ја посетија Општина Сопиште
Во рамките на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот Златко Перински, со заменик министерот Ерџан Селими, ја посетија Општина Сопиште, каде што со градоначалникот Јане Мицевски се разговараше за почетните активности по преземањето на функцијата, како и за напредокот на инфраструктурните проекти поддржани преку потпрограмата АА за инфраструктурни проекти во општините.
Средбата беше искористена за дискусија за Прирачникот „Патоказ за ефикасно локално управување“, еден од првите продукти на Ресурсниот центар, како и за развојот на новата дигитална алатка преку која општините ќе можат брзо да побараат поддршка, да преземаат корисни документи, да се информираат за новитети и директно да комуницираат со Министерството за локална самоуправа.
Општина Сопиште, преку двата јавни повика, доби средства за финансирање на 11 проекти во вкупна вредност од над 54 милиони денари.
Министерот продолжува со теренски посети, отворена комуникација и конкретна поддршка на општините, таму каде што срцето навистина е дома.

Мени за пристапност