Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државниот секретар Јулијана Павковска Боцевска, во својство на претстедател на комисија, заседаваше со првата седница на Комисијата за поттикнување и следење на меѓуопштинската соработка

Државниот секретар Јулијана Павковска Боцевска, во својство на претстедател на комисија,  заседаваше со првата седница на Комисијата за поттикнување и следење на меѓуопштинската соработка
Државниот секретар Јулијана Павковска Боцевска, во својство на претстедател на комисија,  заседаваше со првата седница на Комисијата за поттикнување и следење на меѓуопштинската соработка, согласно Одлуката на Владата од 21.10.2025 година.
Комисијата во нов состав го разгледа и донесе Годишниот извештај за склучени договори за меѓуопштинска соработка за 2024 година и Деловникот и Планот за работа на Комисијата за 2025 и 2026 година.
Унапредување на законската рамка, обучување на општинската админстрација, воспоставување на електронска платформа за евиденција и следење, примена на позитивните меѓународни практики во насока на имплементација на препораките на СИГМА, се во фокусот на приоритетни активности на ресорното Министерство за локална самоуправа.
Преку координиран пристап и активна работа на Комисијата со вклученост на сите засегнати страни, оваа мултисекторска активност ќе даде поддршка за унапредување на меѓуопштинската соработка.
Министерството за локална самоуправа, продолжува со интензивните активности за унапредување на локалниот одржлив развој и процесот на децентрализација, со крајна цел-висок степен на задоволство на граѓаните од квалитетот на локални услуги кои ги испорачуваат општините.

Мени за пристапност