Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Караван „Каде што срцето е дома“ – посета на Општина Виница

Караван „Каде што срцето е дома“ – посета на Општина Виница
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со заменик министерот Селими, денеска остварија работна посета на Општина Виница, каде со градоначалникот Митко Костадиновски и претставниците на Советот се разговараше за приоритетите, локалните потреби и можностите за поддршка од Министерството.
Во фокус беше работата на Ресурсниот центар за поддршка на општините и Прирачникот „Патоказ за ефикасно локално управување“, кој вчера беше електронски доставен до сите градоначалници.
Во рамки на посетата беше извршен и увид во реализацијата на проектот „Да ја поканиме природата во нашите градови“ финансиран во рамки на првиот повик на ИПА 3 програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) ИПА помеѓу Бугарија – Македонија, Приоритет 1: Позелен пограничен регион.
Вредноста на проектот за Виница изнесува 300.743 евра, од кои 15% кофинансирање обезбедено од Министерството за локална самоуправа.
Владата доследно инвестира во развојот на Виница. Во изминатиот период, преку двата јавни повика за инфраструктурни проекти во општините, беа одобрени 15 проекти со вкупна вредност од 159.058.947 денари.
Министерството останува посветено на поддршка на општините преку развојни, инфраструктурни и зелени проекти кои носат реални придобивки за граѓаните.

Мени за пристапност