На промотивниот настан за Ресурниот центар, министерот Златко Перински, заедно со претседателот на Владата проф. д-р Христијан Мицкоски, генералниот секретар Игор Јанушев, Амбасадорот на Швајцарија Н.Е. Кристоф Зомер и постојаниот претставник на УНДП Армен Григоријан, порачаа дека реформите мора да бидат одржливи, а решенијата системски и координирани.
Покрај градоначалниците, присуствуваа и ректорката на УКИМ, проф. д-р Ангелова, главниот државен ревизор Ацевски, експерти од различни области, претставници на донаторски организации и други државни институции.
На настанот беа презентирани активностите кои се во фокус на Ресурсниот центар:
• Детална анализа на потребите на општините за прецизно планирање на поддршката;
• Објавен јавен повик за ангажирање експерти од сите релевантни области;
•Развој на дигитална алатка за побрза комуникација, поддршка и пристап до документи;
•Подготвен прирачник „Патоказ за ефикасно локално управување“ за новоизбраните градоначалници;
•Подготвен прирачник со препораки од ревизиите на ДЗР за унапредување на работењето на општините.
Ресурсниот центар е местото коешто ги адресира потребите на општините, начините за нивно решавање, местото коешто ќе понуди експертиза за секој нов предизвик.