Се одржа вториот состанок на Советодавниот одбор на проектот „Заедници со интегритет“, на кој во фокус беа темите за унапредување на интегритетот, транспарентноста и спречување на корупцијата.
Една од клучните точки на дневниот ред беше процесот на подготовка на Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси, документ кој ќе постави јасни стандарди и приоритети во оваа област.
Министерот, Златко Перински ќе продолжи со активна и конструктивна поддршка на сите процеси кои водат кон поефикасно и одговорно локално управување.