Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински оствари работна посета на Општина Куманово

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински оствари работна посета на Општина Куманово
Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински оствари работна посета на Општина Куманово.
На средбата со градоначалникот Максим Димитриевски и членовите на Советот беше разговарано за приоритетите на општината, можностите за подобра координација и искористување на достапните механизми за поддршка.
Во фокусот на посетата беше и проектот „Урбано зеленило за здраво дишење“, кој се реализира во рамки на ИПА III Програмата за прекугранична соработка. Проектот предвидува засадување на 510 дрвја и уредување на мали урбани градини на три кружни текови.
Вкупната вредност на проектот за Куманово: 343.090 евра, од кои 15% се кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.
Министерството за локална самоуправа останува посветено на поддршка на општините преку конкретни развојни и еколошки проекти.

Мени за пристапност