Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Перински оствари средба со H.E. Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави

Министерот Перински оствари средба со H.E. Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави
Министерот Перински оствари средба со H.E. Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена заедничката посветеност кон натамошно зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете држави.
На средбата министерот ги истакна приоритетите на министерството за наредниот период, со посебен акцент на воспоставениот Ресурсен центар како системско решение за надминување на административните предизвици на локално ниво, поттикнување на меѓуопштинската соработка и унапредување на рамномерниот регионален развој на државата.
Беа разменети ставови за начините за зајакнување на системите за интегритет на локално и национално ниво — области на кои министерството заеднички работи со Националниот демократски институт (НДИ) преку проектот „Заедници со интегритет“.
Во разговорот се осврнаа и на работната посета на Вашингтон и на средбите реализирани во рамки на истата.

Мени за пристапност