Министерот оствари работна посета во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“ на Општина Берово, при што одржа средба со градоначалникот Ружински и членовите на Советот.
На средбата беше реализирана отворена и суштинска дискусија за приоритетите што директно ги засегаат граѓаните и локалниот развој.
Во рамки на посетата беше извршен и увид во проектот „Нискојаглеродна InFinity патека“, кој се реализира во рамки на првиот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) со Бугарија, во рамки на Приоритет 3 – „Интегриран развој на пограничниот регион“.
Вкупната вредност на проектот за Берово изнесува 117.736 евра, од кои 15% се обезбедени како кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.
Клучните активности опфаќаат подобрување на туристичкото искуство преку унапредување на инфраструктурата околу Беровското Езеро, вклучително и реконструкција на оф-роуд велосипедска патека во должина од 22 километри и изградба на современо одмориште за велосипедисти – Velo Hub.
Туризмот е сектор од стратешко значење, кој Министерството континуирано го зајакнува преку целосно искористување на средствата од ИПА прекуграничната соработка.