Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари посета на Општина Чешиново – Облешево.
При посетата, министерот Перински оствари средба со градоначалникот Јорданче Костадинов, на која се разговараше за секојдневните предизвици со кои се соочуваат граѓаните и општинската администрација, како и за динамиката на спроведување на инфраструктурните проекти во општината.
За Општина Чешиново – Облешево во 2025 година, преку Програмата за рамномерен регионален развој и Програмата за намалување на диспаритетите, се обезбедени средства за реализација на три проекти во вредност од над 3 милиони денари.
Дополнително, општината преку Владата има обезбедено средства за реализација на девет проекти, преку двата јавни повика за капитална инфраструктура, во вкупна вредност од над 60 милиони денари.
Продолжува конкретна поддршка за општините затоа што развојот мора да биде рамномерен и видлив во секоја општина.