Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во организација на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) се одржа консултативен настан на тема „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“

Во организација на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) се одржа консултативен настан на тема „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“
Во организација на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) се одржа консултативен настан на тема „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, со учество на градоначалници, претставници од општините, институциите и меѓународните партнери.
Настанот го отвори министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој ги поздрави присутните и даде краток вовед за процесот кој ќе биде во фокус периодот што следи.
Министерството за локална самоуправа најави дека започнува отворен и инклузивен процес за унапредување на законската рамка, во кој ќе бидат вклучени сите општини, донаторската заедница и експертската јавност.
Целта е да се детектираат потребните измени со кои ќе се олесни и поттикне меѓуопштинската соработка, како важен инструмент за поефикасно и одржливо вршење на надлежностите на локално ниво.
Воведна презентација имаше државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Јулијана Павковска Боцевска, која се осврна на позиционирањето на Министерството за локална самоуправа во функција на унапредување на меѓуопштинската соработка и имплементација на препораките од оценските мисиии во рамки на функционирање на демократските институции и реформата на јавната администрација.

Мени за пристапност