Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во рамки на теренските активности, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна средба со градоначалничката на Општина Неготино, Марија Нацева

Во рамки на теренските активности, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна средба со градоначалничката на Општина Неготино, Марија Нацева
Во рамки на теренските активности, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна средба со градоначалничката на Општина Неготино, Марија Нацева, како и со членовите на Советот и општинската администрација.
На средбата се разговараше за тековните состојби, развојните приоритети и можностите за унапредување на меѓуопштинската соработка, како важен инструмент за поефикасно искористување на ресурсите и постигнување одржлив локален развој.
Посебен акцент беше ставен на реализацијата на конкретни проекти:
• во рамки на Програмата за намалување на диспаритетите за 2025 година, во општината се реализираат два проекта во вкупна вредност од над 4 милиони денари, насочени кон подобрување на безбедноста и квалитетот на живот на граѓаните;
• преку Интерег програмата за прекугранична соработка со Република Грција започнува и проектот „Elder-Care“, во вредност од 128.249 евра, кој има за цел унапредување на здравствените услуги за повозрасната популација;
• дополнително, преку двата јавни повика за капитални инфраструктурни проекти, Општина Неготино обезбеди вкупно 200.288.639 денари за реализација на 13 проекти.
Беше нагласено дека Министерството за локална самоуправа останува посветен партнер на општините, при што политиките се креираат врз основа на реалните потреби на граѓаните и приоритетите утврдени на локално ниво.

Мени за пристапност