Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

По повод Меѓународниот ден на Ромите, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со премиерот, проф. д-р. Христијан Мицкоски, остварија посета на Општина Шуто Оризари

По повод Меѓународниот ден на Ромите,  министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со премиерот, проф. д-р. Христијан Мицкоски, остварија посета на Општина Шуто Оризари
По повод Меѓународниот ден на Ромите, како потсетник за заедничката одговорност за градење инклузивно општество во кое секој има еднакви можности, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со премиерот, проф. д-р. Христијан Мицкоски, остварија посета на Општина Шуто Оризари.
Посетата започна со увид во реализацијата на проектот „Реконструкција на улица Брсјачка Буна“, во присуство на градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.
За Општина Шуто Оризари, кумулативно од двата јавни повика за проекти во капитална инфраструктура, Владата има одобрено 58 проекти, во вкупна вредност од 277.904.976 денари.
Министерството за локална самоуправа ќе продолжи со спроведување на конкретни мерки и поддршка, со цел подобрување на квалитетот на живот за сите граѓани.
Честит 8 Април, Меѓународен ден на Ромите!

Мени за пристапност