Средбата со градоначалникот Ѓоко Камчев, членовите на Советот и општинската администрација министерот Перински ја искористи да разговара за секојдневните предизвици со кои се соочуваат како и за она што во моментов се реализира во Општина Валандово.
Една од темите беше и ажурирање на базите на даночни обврзници, што ќе значи зголемување на сопствените приходи на општините.
Преку двата јавни повика на Владата, финансирани се вкупно 5 проекти, во вредност од 107.038.333 денари.
Продолжуваме со конкретна поддршка за секоја општина