Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна посета на Општина Охрид

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна посета на Општина Охрид
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна посета на Општина Охрид, при што одржа средба со градоначалникот Кирил Пецаков, членовите на Советот и општинската администрација.
На средбата се разговараше за тековните предизвици со кои се соочува општината, како и за конкретните решенија и проекти кои веќе се реализираат на терен.
Посебен акцент беше ставен на почетокот на реализацијата на проектот AdvenTour II, кој се спроведува во рамки на ИПА 3 програмата за прекугранична соработка со Република Грција, со буџет за Општина Охрид од 187.685 евра. Проектот има за цел да го унапреди пристапниот, инклузивен и одржлив туризам, преку инвестиции во инфраструктура и содржини достапни за сите граѓани.
Паралелно, преку Програмата за рамномерен регионален развој, обезбедена е поддршка за јавното комунално претпријатие со набавка на опрема за побрза детекција и санација на дефекти во водоводната мрежа, што ќе придонесе за поквалитетни услуги и намалување на загубите на вода.
Караванот „Каде што срцето е дома“ продолжува и во наредниот период, со цел креирање на политики базирани на реалните потреби на општините и граѓаните.

Мени за пристапност