Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, го помина претпладнето во Вевчани, каде на средбата со градоначалникот Спасе Кочовски разговараше за имплементацијата на проектите одобрени во 2025 година, како и за најитните потреби за поддршка од централната власт.
Дополнително, на средбата со членовите на Советот беа разменети мислења околу потребата од унапредување на законската рамка за меѓуопштинска соработка, при што беше нагласено значењето на здружувањето на општините, особено на помалите, кои се соочуваат со ограничени административни и финансиски капацитети.
Во текот на 2025 година, преку програмите на Министерството за локална самоуправа, во Општина Вевчани се реализирани три значајни проекти:
- инвестиции во енергетска ефикасност преку поставување фотоволтаичен систем во детската градинка „Планински цвет“;
- модернизација на комуналните услуги преку нова опрема за ЈКП „Еремја“;
- зајакнување на општинските капацитети преку нова механизација за одржување на инфраструктурата.
Министерството за локална самоуправа продолжува со истата динамика и посветеност, со фокус на конкретни резултати на терен.