Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Координираното делување останува во фокус – сите политики и проекти ги усогласуваме за да постигнеме реални и видливи резултати

Координираното делување останува во фокус – сите политики и проекти ги усогласуваме за да постигнеме реални и видливи резултати
Координираното делување останува во фокус – сите политики и проекти ги усогласуваме за да постигнеме реални и видливи резултати.
 
Заедно со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација, Н.Е. Кристоф Зомер, амбасадор на Швајцарија и Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП, министерот за локална самоуправа  учествуваше на состанокот на Управниот комитет на проектот „Зајакнување на општинските совети“, каде што разговорот беше насочен кон постигнатите резултати до сега и следните чекори.
Информациите кои ги добиваме при посетите на општините укажуваат дека е потребно унапредување на дигиталните услуги, со цел да се олесни пристапот на граѓаните до услугите, како и да се обезбеди континуирана поддршка во градењето на капацитетите.
 Фокусот за следниот период го ставаме на унапредување на процесот на дигитализацијата на општинските услуги и подготовката на Програма за одржлив локален развој и децентрализација за период 2027–2032.
 

Мени за пристапност