Министерот Перински оствари работна средба со Antonio Nicoletti, градоначалник на Матера, град со исклучително културно значење, не само за Италија, туку и за Европа.
На средбата се разговараше за можностите за размена на искуства и унапредување на соработката помеѓу Матера и општините во Македонија, особено во делот на развој на културниот туризам, урбана регенерација и примена на дигитални иновативни решенија.
Министерот ги презентираше тековните активности што се реализираат во општините, со посебен акцент на дигитализацијата на локалните услуги и системската поддршка за зајакнување на нивните капацитети.
Матера, како еден од најстарите градови, по титулата Европска престолнина на културата во 2019 година доживеа значајна трансформација, од заборавен град, денес претставува пример за одржлив развој, урбана регенерација и паметно користење на локалните ресурси.