Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Посета на Свети Николе – општина каде што веќе мериме конкретни бројки и реализирани проекти

Посета на  Свети Николе – општина каде што веќе мериме конкретни бројки и реализирани проекти
На средбата со градоначалникот Дејан Владев, членовите на Советот и општинската администрација се разговараше за приоритетите на општината, но и за тоа како да се одржи континуитетот на инвестициите што директно го подобруваат животот на граѓаните.
Преку двата јавни повика на Владата, финансирани се вкупно 23 проекти, во вредност од над 168 милиони денари – сериозен инвестициски циклус што веќе дава резултати на терен.
Во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, дополнително е одобрен проект за набавка на комунална механизација за потребите на ЈКП, во вредност од 3,3 милиони денари.
Ова е пример како со партнерство со општините развојот станува реалност а не само план.

Мени за пристапност