Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во Прилеп денеска се одржува работилница за подготовка на стратешки документи за ЛЕР

Во Прилеп денеска се одржува работилница за подготовка на стратешки документи за ЛЕР
Во Општина Прилеп денеска се одржува работилница во рамки на групната испорака на услуги од страна на Ресурсниот центар, наменета за поддршка на општините во подготовката на стратешки документи за локален економски развој. Работилницата е наменета за четири плански региони, односно за вкупно 11 општини.
 
Активностите се реализираат согласно анализата на потребите на општините, а работилниците имаат цел да им помогнат во поставувањето на основата за подготовка на стратешките документи, преку анализа на локалните услови, расположливите податоци, потенцијалите и развојните приоритети.
 
Процесот предвидува практична работа со општинските тимови и експерти, со цел подготовка на квалитетни и реално применливи стратешки документи кои ќе ги одразуваат потребите и потенцијалите на локалните заедници.

Мени за пристапност