Во Општина Карпош и Општина Гевгелија денеска истовремено започнаа работилници во рамки на групната испорака на услуги од страна на Ресурсниот центар, наменета за поддршка на општините во подготовката на стратешки документи за локален развој.
Активностите се реализираат согласно анализата на потребите на општините, при што со поддршката се опфатени 35 општини. Работилниците имаат цел да им помогнат на општините во поставувањето на основата за подготовка на стратешките документи, преку анализа на локалните услови, расположливите податоци, потенцијалите и развојните приоритети.
Процесот предвидува практична работа со општинските тимови и експерти, со цел подготовка на квалитетни и реално применливи стратешки документи кои ќе ги одразуваат потребите и потенцијалите на локалните заедници.