Во духот на заедништвото и традицијата, присуствував на свечената литија по повод празникот Св. Никола, заштитник на градот Штип.
Заедно со Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, пратениците Никола Мицевски и Душко Иванов и бројни верници, го одбележавме овој значаен ден кој не потсетува на вредностите на солидарност, човечност и грижа за другите.
Св. Никола е симбол на верата и на традицијата што не обединува и поврзува.