Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Преку унапредување на процесите за одржлив локален развој и децентрализација, Министерството за локална самоуправа ги зајакнува капацитетите на единиците на локалната самоуправа

Преку унапредување  на процесите за одржлив локален развој и децентрализација, Министерството за локална самоуправа ги зајакнува капацитетите на  единиците на локалната самоуправа
Преку унапредување на процесите за одржлив локален развој и децентрализација, Министерството за локална самоуправа ги зајакнува капацитетите на единиците на локалната самоуправа, со цел нивна успешна интеграција во националните дигитални платформи, со крајна цел испорачување на ефикасни и брзи локални услуги до секој граѓанин.
Државниот секретар, Јулијана Павковска Боцевска учествуваше на панел дискусија посветена на Е-ВЛАДЕЕЊЕ „Подобри и поефикасни електронски услуги, намалување на бирократијата, намалување на трошоците на граѓаните за административни обврски, јакнење на соработката помеѓу институциите (приватни и јавни), дигитална инклузивност, приближување на Македонија кон дигиталните стандарди на ЕУ„ во организација на Министерството за дигитална трансформација.
Дел од панел сесијата беа Горан Ѓеорѓиевски, претседател на Сојуз на стопански комори, Бардил Јашари, директор на Метаморфозис, Васко Кроневски, директор на Nextsense и Никица Мојсоска-Блажевски, главен извршен директор, Macedonia2025.
Државниот секретар ја истакна важноста од продолжување на координиран пристап на сите клучни институции при спроведување на дигиталната трансформација и успешна реализација на Националната стратегија за развој на ИКТ: СМАРТ/МК 2030 и воедно упати благодарност за успешната соработка до Министерството за дигитална трансформација.

Мени за пристапност