Чистата и здрава животна средина започнува од нас самите и од нашите секојдневни навики!
Министерот Златко Перински, заедно со градоначалникот Дејан Митески, чиј проактивен пристап и посветеност се од клучно значење за успешна реализација на вакви иницијативи, посетија семејства во Општина Аеродром со цел да ја нагласат важноста на селекцијата на пластичниот отпад директно од домаќинствата.
Партнерството и соработката со Европската Унија, преку програмата „ЕУ за општините“, овозможуваат воведување на конкретни еколошки решенија и искористување на локалниот развоен потенцијал.
Во рамки на проектот „Clean AirDrom“ – Нулта цврст отпад во Општина Аеродром, набавено е електрично товарно возило за еколошки транспорт на отпад и поставени се 11 машини за одлагање на цврст отпад во сите општински училишта и две градинки.