Се одржа работен состанок посветен на утврдување на процедурите и подготовка на релевантната документација за континуирано и ефикасно работење на Ресурсниот центар.
По првиот пресек од објавувањето на Јавниот повик за формирање база/ростер на експерти, во системот се пристигнати вкупно 242 апликации.
Најголем интерес од страна на апликантите имаше во областите локален економски развој и јавни финансии и буџетирање.
Формирањето на функционален и квалитетен ростер на експерти е клучен чекор кон јакнење на институционалните капацитети и обезбедување стручна поддршка.
Со цел обезбедување флексибилност и континуитет, експертската база ќе биде отворена, а периодични пресеци ќе се прават согласно правилата и тековните потреби на Ресурсниот центар.