Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Конференција за децентрализација: Ретроспективата на тековните ангажмани, надградба на локалниот развој и план за иднината на локалната самоуправа

Конференција  за децентрализација: Ретроспективата на тековните ангажмани, надградба на локалниот развој  и план  за иднината на локалната самоуправа
Државниот секретар Јулијана Павковска Боцевска на Конференцијата за децентрализација ја претстави „Ретроспективата на тековните ангажмани и планот за иднината на локалната самоуправа“.
Во презентацијата истакна дека клучните активности во делот на развој на локалната самоуправа се генерално отпочнати, од нив дел се завршени а дел се тековни и претставуваат чекори кои на долг рок даваат директен позитивен импакт во процесот на обезбедување на локални самоуправи кои се финансиски стабилни, економски развиени и подготвени во иднина да преземат дополнителни децентрализирани надлежности, а тоа е основна цел на министерството.
Меѓудругото таа истакна дека клучните промени во насока на унапредување на локалниот развој, се спроведуваат низ широк инклузивен процес, вклученост на сите засегнати страни и сите активности на министерството се димензионирани како одговор на потребите и барањата на граѓаните. Визијата за развој на локалните самоуправи станува реална преку активностите на Министерството во рамки на програмските активности на Владата.
Државниот советник Андриана Стојановска учествуваше во панелот на тема „Надградба на локалниот развој преку иновативни и квалитетни услуги за граѓаните“
Во овој дел го образложи Ресурсниот центар за подршка на развојот на општините чија што цел е да одговори на реалните потреби на општините.
Таа истакна дека се работи на сеопфатна анализа на потребите на општините, чии што наоди ќе ги постават насоките врз основа на кои ќе биде подготвена интегрирана програма за работа на Ресурсниот центар.
За да се поврзат потребите со практичните искуства и да се обезбеди пренос на квалитетни знаења се формира и база на експерти, коишто ќе бидат на располагање за менторство и стручна подршка за општините.
Паралелно, се развива и дигитална платформа – централен хаб за комуникација, интеракција со општините, следење на активностите и транспарентност.
Раководителот на сектор за локална самоуправа, Сузана Најкова, беше говорник во првиот панел на тема “Видици за унапредена децентрализација и локално управување”.
Таа ги истакна тековните активности кои ги спроведува министерството во делот на локалната самоуправа и посебен фокус стави на меѓуопштинската соработка како клучна алатка за зајакнување на капацитетите на единиците на локалната самоуправа.

Мени за пристапност