Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Студенти ќе следат специјализирана обука за проектен циклус и подготовка на проекти за прекугранична соработка

Студенти ќе следат специјализирана обука за проектен циклус и подготовка на проекти за прекугранична соработка
Министерот Златко Перински ги потпиша договорите со студентите кои ќе бидат практиканти во рамки на ИПА 3 Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово.
 
Практикантите кои се пријавија по пат на јавен оглас, од септември ќе следат специјализирана обука за проектен циклус и подготовка на проекти за прекугранична соработка, по што секој од нив ќе работи директно со една општина од регионот кој е опфатен со програмата.
 
Целта е да подготват нови предлог - проекти кои ќе придонесат за развој на општините и подобрување на прекуграничната соработка.
 
Со оваа иницијатива, ја поттикнуваме младинската енергија и ги отвораме институциите за младите, со цел заеднички да ја градиме иднината на нашите општини.

Мени за пристапност