Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, присуствуваше на централната прослава по повод Денот на Армијата на Македонија, на покана на министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал – мајор, Сашко Лафчиски.
Армијата е нашата сила и наша сигурност. Во време исполнето со предизвици, таа стои цврсто –во прва линија на зачувување на мирот, безбедноста и достоинството на народот и државата.
Со благодарност и почит, го одбележуваме Денот на Армијата.