Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот за локална самоуправа Златко Перински со амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Вероник Улман

 Средба на министерот за локална самоуправа Златко Перински   со амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Вероник Улман
Во Министерството за локална самоуправа се одржа средба со амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Вероник Улман, која претставуваше можност за резиме на заедничките постигнувања и изразување на искрена благодарност за нејзиниот посветен ангажман во унапредување на билатералната соработка.
Средбата, која се одржа во пресрет на завршетокот на нејзиниот мандат, ја потврди силната заложба за партнерство и поддршка на клучните процеси – регионален развој, реформите и доброто владеење.
 
Во рамките на мандатот на амбасадорката Улман беа реализирани повеќе клучни активности:
 
  • 10 инфраструктурни проекти имплементирани во сите плански региони,
  • изменета и дополнета е законската рамка за рамномерен регионален развој – темел за одржлив развој на државата,
  • поддржани 33 проекти во 30 општини со алатката „Форуми на заедницата“ – механизам што овозможува директно учество на жителите во креирањето на општинските приоритети,
  •  поддршка на процесот за дигитализација на општинските услуги,
  •  поддршка на процесот на децентрализација и одржливиот развој на локалната самоуправа.
 
Министерството за локална самоуправа ѝ посакува многу успех во следните професионални предизвици и изразува длабока благодарност за пријателството, довербата и искрената соработка.
 

Мени за пристапност