Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одржана 41 седница на Советот за рамномерен регионален развој

На 41. седница на Советот за рамномерен регионален развој, со кој раководи министерот Перински, се разговараше за суштинска тема - предлог - критериуми за проценка на буџетските програми од ресорните министерства со влијание на регионалниот развој, кои ќе бидат доставени на утврдување на Владата.
Согласно Законот за рамномерен регионален развој финансирањето на рамномерниот регионален развој од државниот буџет се врши и преку програми што се реализираат од страна на ресорните министерства и другите органи на државната управа.
Со системски пристап се овозможува подобра идентификација на потребите, оптимална распределба на ресурсите и постигнување поголем ефект од јавните инвестиции, особено во општините и регионите кои заостануваат во развојот.
Ова е со цел насочено и координарно вложување на финансиските средства во општините и регионите каде е најпотребно.
odrzana-41-sednica-na-sovetot-za-ramnomeren-regionalen-razvoj-image-YYfe.jpg
odrzana-41-sednica-na-sovetot-za-ramnomeren-regionalen-razvoj-image-YYfe.jpg

Мени за пристапност