Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Седма седница на Координативното тело за следење на спроведувањето на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2021 – 2026 година

Седма седница на Координативното тело за следење на спроведувањето на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2021 – 2026 година
 
Денес се одржа седмата седница на Координативното тело за следење на спроведувањето на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2021-2026 и на Акциските планови за спроведувањето на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2021-2026 година, со кое претседаваше Државниот секретар во Министерството за локална самоуправа.
На седницата, присуствуваа претставници од сите вклучени Министерства и институции кои се носители на активности во процесот на операционализација на спроведување на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2021-2026 година.
 
Државниот секретар, Јулијана Павковска Боцевска го образложи Годишниот извештај за реализација на Акцискиот план за спроведувањето на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација, кој ќе се достави до Владата на РСМ, врз основа на внесените податоци кои го прикажуваат напредокот во областа на локалниот развој и децентрализацијата за 2024 година. За успешен процес на децентрализација и обезбедување на локален одржлив развој, како мултисекторски процес, се истакна важноста на активна вклученост на сите засегнати страни со целосна реализација на активностите предвидени во Акцискиот план за операционализација на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација.
 
Воедно на седницата се истакнаа заложбите на Министерството за локалната самоуправа во насока на зајакнување на капацитетите на единиците на локална самоуправа, превземените активности за реализација на програмските активности на Владата преку објавување и реализација на Јавните повици за финансирање на капитални инвестиции во општините, како и тековното воспоставување на Ресурсниот центар за поддршка на општините.

Мени за пристапност