Ресурсниот центар е во фокусот на активностите на Министерството за локална самоуправа.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари средба со деканот на Економски факултет, проф. д-р Мијалче Санта, на која детално разговараа за концептот и очекуваните резултати како и придобивки за општините по воспоставување на центарот.
Од Економски факултет се очекува поддршка и директна вклученост во делот на експертизата која ќе биде ставена на располагање на општините за надминување на нивните предизвици.