Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на министерот за транспорт, Николоски учествуваше на конференцијата посветена на одржлива урбана мобилност – тема што е нераскинливо поврзана со квалитетот на живот на граѓаните.
Главната цел преку оваа конференција е да се подигне свеста и да се поттикне размената на знаења и искуства за одржлива урбана мобилност, вклучувајќи ги и релевантните национални и локални власти, професионалниот сектор, академската заедница и организациите на граѓанското општество.
Од аспект на локална самоуправа тоа значи безбедни улици, еколошки начини на транспорт и намалување на метежот.
Пристапот кон оваа иницијатива вклучува решенија што ги адресираат локалните потреби и поттикнуваат промени во однесувањето, за поздрава и почиста средина.