Министерот за локална самоуправа, Златко Перински оствари значајна средба со проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.
На средбата се претстави концептот за воспоставување на Ресурсен центар за поддршка на општините, како нов механизам што ќе ја зајакне нивната работа.
Целта е со експертизата и поддршката од Универзитетот, во сите области каде што се потребни, Центарот да стане силен столб за развој на општините.
За зацврстување на воспоставената соработка, во наредниот период ќе следи потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за локална самоуправа и УКИМ.