Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Промоција на проектни активности во Југоисточен плански регион

Промоција на проектни активности во Југоисточен плански регион
Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, во партнерство со општините, реализираа три значајни проекти што директно влијаат на квалитетот на јавните услуги, безбедноста и условите за образование во Југоисточниот плански регион.
Министерот Златко Перински, заедно со градоначалниците Ацо Ристов, Ристо Манчев и Славе Андонов и директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев, направи увид на дел од проектите во Југоисточниот регион, кои се финансирани преку Програмите за рамномерен регионален развој.
Од проектот „Подобрување на енергетската ефикасност на јавни објекти во Југоисточниот регион“ со вкупна вредност од 33.825.422 денари, Министерот ја посети ТППЕ Радовиш каде инвестицијата е во вредност од 11.441.514 денари (од кои 5.670.295 ден. од БРР). Останати корисници на проектот се општините Гевгелија и Босилово.
Во рамки на проектот „Создавање на модерна патна мрежа во Југоисточниот плански регион“ кој е со вкупна вредност од 8.866.118 денари, направен е увид на реконструирани улици во село Пиперево, Општина Василево и во село Бориево, општина Босилово. Корисници на проектот се општините: Босилово и Василево
Во рамки на проектот „Дигитализација во основното образование со помош на смарт табли“ со вкупна вредност од 2.268.000 денари обезбедени се 23 интерактивни табли во општините: Василево, Богданци, Босилово и Ново Село. Министерот го посети основно училиште ОУ “Гоце Делчев” во oпштина Василево кое е опремено со смарт табли.

Мени за пристапност