Се одржа работен состанок, организиран во рамки на Ресурсниот центар, за поддршка на општините во подготовката на плански документи за локален економски развој.
На состанокот се обрати министерот Перински, кој упати јасен повик до општинската администрација активно да се вклучат во процесот на подготовка на документите за локален економски развој, нагласувајќи дека успехот на иницијативата ќе зависи пред се од нивната проактивност, подготвеност за соработка и активно учество во креирањето на развојните приоритети.
40 општини започнуваат процес на подготовка на нови документи за локален економски развој со поддршка на Ресурсниот центар за поддршка на општините.
Ресурсниот центар останува сигурен партнер на општините во процесот на нивно административно јакнење и развој.