Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински, оствари работна посета на Општина Кисела Вода.
На средбата со градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, Советот на општината и општинската администрација се разговараше за актуелните прашања и развојни приоритети, како и за конкретните потреби на општината во насока на поефикасно извршување на надлежностите и подобрување на услугите за граѓаните.
Посебно внимание беше посветено на можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините, преку кој Министерството обезбедува стручна и техничка поддршка за јакнење на капацитетите на локалната самоуправа.
Министерството продолжува со непосредна комуникација со општините и навремено препознавање на нивните потреби, со цел креирање ефикасни и одржливи решенија во интерес на граѓаните.