Министерот за локална самоуправа Златко Перински, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков, директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица, Бране Георгиев, како и партнерите вклучени во реализацијата на проектот, присуствуваше на промотивниот настан на проектот „CulTour Crossing Borders“, кој се реализира во рамки на Програмата Интерег VI-А ИПА за прекугранична соработка со Република Грција.
Вредноста на активностите што ги реализираат македонските партнери изнесува 451.603 евра, додека Министерството за локална самоуправа обезбедува национално кофинансирање во износ од 90.321 евра.
Проектот е дел од првиот повик на Програмата Интерег VI-А ИПА со Република Грција, во чии рамки беа одобрени вкупно 19 проекти со буџет од над 18 милиони евра. Во нивната реализација учествуваат 36 корисници од нашата држава, со вкупна вредност на проектите од 8,6 милиони евра.
Министерството за локална самоуправа останува посветено на поддршката на проекти кои придонесуваат за заштита и валоризација на културното наследство, развој на туризмот, јакнење на прекуграничната соработка и создавање нови можности за локален развој и поквалитетен живот за граѓаните.