Државниот секретар Јулијана Павковска Боцевска, имаше воведно обраќање на работната средба во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, фаза 2“ , финансиран од Швајцарската влада Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за локална самоуправа, спроведуван и кофинансиран од УНДП.
Заедно со нашите партнери, продолжуваме посветено да ги зајакнуваме капацитетите на локалните чинители за потранспарентни, поодговорни и поефикасни општини.
Се презентираа и тековните активности на Министерството во насока на поддршка на развојот на општините.
Државниот секретар ги повика претставниците на општинските совети за максимално искористување на услугите кои им се ставени на располагање на општините преку Ресурсниот центар, како и активна вклученост во тековните процеси во насока на унапредување локалниот одржлив развој.