Се одржа Првата регионална конференција на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 3 (ReLOaD3), под слоганот „Резултати и регионално влијание: Зајакнување на локалното управување и граѓанското општество во Западен Балкан“.
На конференцијата се обратија Ерџан Селими, заменик министер за локална самоуправа, Симела Цакири, раководителка на тимот за координација на граѓански организации и медиуми во Западен Балкан и Турција при Европската комисија, како и Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во Северна Македонија.
Во своето обраќање, заменик министерот Селими нагласи дека учеството на граѓаните во донесувањето одлуки на локално ниво претставува огледало на локалната самоуправа и показател за нејзината отчетност и транспарентност. Тој, меѓудругото истакна дека „нема успешна децентрализација без локална демократија, бидејќи овие два процеси се меѓусебно условени“.