Министерот Златко Перински, заедно со градоначалникот Љупче Почивалец, Александру Албу претставник од Делегацијата на ЕУ и поранешниот градоначалник, Ацо Ристов, присуствуваше на завршната презентација на Проектот „Зелена топлина“ во Општина Радовиш.
Проектот е имплементиран преку Програмата „ЕУ за општините“ финансирана од Европската Унија.
Кофинансирањето за проектот е обезбедено од Министерството за локална самоуправа и Општина Радовиш.
Вкупен буџет: 1.143.456 евра.
Со проектот се заменети старите системи за затоплување во четири јавни објекти (основно училиште, градинка, средно училиште и општинската зграда) со енергетски ефикасни топлински пумпи, поврзани со фотоволтаични панели.
Овој проект придонесува за намалување на загадувањето и поефикасно користење на енергијата како и зголемен квалитет на живот за граѓаните, особено на најмладите.