Министерот за локална самоуправа, Златко Перински и ректорката, Проф. д-р Биљана Ангелова, во име на Министерството за локална самоуправа и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка.
Овој Меморандум за соработка поттикнува заедничко делување во областите што ги покрива Ресурсниот центар за поддршка на општините и претставува една од иницијативите за унапредување на локалниот развој.
Соработката ќе се реализира преку активностите кои ќе следат во рамки на Ресурсниот центар за поддршка на општините.
Ова претставува значаен исчекор во градењето на мост помеѓу науката и институциите.
Преку заедничката соработка со УКИМ, ќе се поврзат академските знаења со практичните потреби на општините, со цел обезбедување на одржлива поддршка преку Ресурсниот центар.